Вардар и Силекс се двете екипи кои во историјата на клупскиот фудбал во Македонија стигнале до титули во домашното првенство без пораз цела сезона.

Вардар успеа тоа да го направи под раководство на Ѓоко Хаџиевски во сезоната 1992/93, истиот ефект „црвено-црните“ го имаа и 1994/95.

Клубот од Кратово, Силекс  успеа да го повтори резултатот на Вардар во сезоната 1995/96, шампионатот го завршија со 21 победа  и 7 нерешени натпревари. Кратовчани ги предводеше Зоран Смилевски со кого екипата имаше низа од 53 натпревари без пораз.

Сегашната ситуација во ПМФЛ секако не ни дава за право да очекуваме шампион на Македонија без пораз во првенството во кое неколку екипи ќе се борат за титулата, Шкендја има две во низа, сака хет-трик, Вардар опоравен очекува добри резултати, Работнички, Академија Пандев и Шкупи се екипите кои од „втор план“ бараат можност за шампионска круна.