Денеска се играат средбите од 16 коло во ПМФЛ, во Кратово, Силекс го пречекува лидерот Вардар, дуел на два поранешни шампиони.

Кратовчани имаат само еден пораз дома сезонава, победија шест пати на седум средби, играат одлично пред своите навивачи, Вардар на гости е еден од најуспешните тимови со само еден пораз, три победи и три нерешени.

Ова е најинтересниот меч од денешната програма во ПМФЛ, сите средби се играат од 13 часот, Шкупи ја пречекува Академија Пандев, на арената „Тодор Проески“, Работнички ќе бара можност за излез од кризата против Борец.

Двојки, 16 коло:

Силекс – Вардар

Работнички – Борец

Шкупи – АК. Пандев

Струга ТЛ – Шкендија

Ренова – Македонија ЃП