Само три гола донесоа првите 45 минути на преостанатите пет натпревари од 9 коло во ПМФЛ, на кои предност на домашен терен имаат Силекс и Струга.

Кратовчани се на добар пат да ја прекинат серијата од три порази и реми на последните четири натпревари, откако водат на домашен терен против Работнички со 1-0, благодарение на голот од пенал на Ивановски во 29 минута.

Струга Трим очекувано има предност против фенерџијата Беласица од 2-0, со головите на Лена уште во 2 минута и Миленковски седум минути подоцна.

По првите 45 минути, мрежите мируваат во Велес на мечот помеѓу Борец и Македонија ЃП, а нема головите ниту на пресметките Академија Пандев – Шкупи и Ренова – Пелистер.