На денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беше разговарано околу форматот и бројот на екипи за следната натпреварувачка сезона во ПМФЛ.
На истиот е одлучено следната сезона во Првата лига на Македонија да има 12.екипи кои ќе играат по трикратен систем. Нови прволигаши се екипите на Пелистер и Беласица, кои ги држеја лидерските позиции на истокот и западот пред прекинот во двете конкуренции.
Што се однесува со влезот во Втортата лига, ќе има баражи, а деталите ќе бидат познати нешто подоцна.
Comments are closed for this post.