Денес во ПМФЛ се играат средбите од 32 коло, во фокусот е борбата за опстанокот, Вардар гостува во Струга кај Трим Лум, бара бодови за опстанок.

Струга ТЛ од друга страна има шанса за историски пласман во квалификациите за Европа Лигата, со победа против Вардар, ќе ја притисне Македонија ЃП која го пречекува новиот шампион Шкендија.

Вардар нема право на грешка, но младиот и неискусен состав на црвено-црните е аутсајдер во Струга.

Борец и Ренова играат за бодови за прволигашки живот, Работнички го пречекува Силекс, додека Шкупи е домаќин на Пелистер, сите средби се играат од 16 часот.