Со мечот помеѓу актуелниот првак Вардар и Академија Пандев денеска започнува 13 коло во Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи влегуваат во мечот од 13 часот на Арената „Тодор Проески“  осоколени по победите во минатото коло, Вардар го прекина постот со триумфот над Борец  од 2-0, а Академја По подолго време триумфираше над Пелистер со 3-2.

Дербито на колото се игра в недела кога забревтаната Македонија ЃП го пречекува Шкупи, додека лидерот Шкендија има тешко гостување кај Струга Трим.

Беласица е домаќин на Работнички, Пелистер го пречекува Силекс, додека Ренова со новиот тренер Ќатип Османи ја чека дуел против Борец.