Вардар се искачи на првото место на табелата во домашното фудбалско пренство откако го победи Силекс со 3:0.

Промената на табелата ја овозможи Академија Пандев која денеска ремизираше без голови со Шкупи во Струмица.

Нов пораз за Македонија ЃП, денеска Ренова со голот на Адеми во 50 минута успеа да дојде до три бода од пресметката со избраниците на Александар Таневски.  Ова за тимот од Ѓорче втор пораз во низа.

Шкендија со головите на Радески и на Ибраими ја совлада Струга Трим Лум и се искачи на четвртото место на табелата.

Вчера Борец и Работнички ремизираа во Велес 1:1.