Денес се играат пет средби од 28 коло во ПМФЛ, Вардар бара бодови за спас во Струмица на гости кај Академија Пандев, лидерот Шкендија очекува „лесни“ три бода против Беласица.

Вардар нема победа во 2021 година, за најтрофејниот клуб во Македонија секој меч до крајот на сезоната е натпревар за опстанок, гостува кај Академија Пандев која исто така е во опасната зона

Поранешниот тренер на Вардар, Александар Васовски со Академија Пандев ќе мора да брка три бода против својот некогашен клуб.

Академија Пандев на последните два меча запиша два порази, а Вардар има четири порази на последните пет натпревари во ПМФЛ, немаат победа во тековната година.

Двојки: