Во домашното фудбалско првенство, денеска ќе биде комплетирано 22 коло. Лидерот Вардар и гостува на Ренова од 13 часот на гратскиот стадион во Тетово.

Црвено-црните по ремито со Работнички во минатото коло, денеска ќе се обидат да освоја три бода против тимот кој на последните три натпревари во ПМФЛ имаат две победи и еден пораз.

Шкендија ќе му гостува на Борец, а ќе атакува на трета победа во низа против екипата од Велес.

Двојки 22 коло ПМФЛ:

13:00 Ренова – Вардар
14:00 Силекс – Македонија Ѓ.П.
14:00 Борец – Шкендија
14:00 Струга ТЛ – Шкупи

Вчера: Работнички – Академија Пандев 1:0