Актуелниот лидер Шкендија со пресврт замина со предност од 2-1 на полувреме во дербито против актуелниот првак Вардар во премерниот меч попладнево од 9 коло во ПМФЛ.

Дербито на арената „Тодор Проески“ донесе фуриозен старт и по еден гил на двете страни во воведните 15 минути.

Домаќините поведоа во 11 минута преку Попзлатанов, но радоста на Вардар траеше само четири минути, откако Рамадани беше прецизен за актуелниот лидер за 1-1 во 15 минута.

Шкендија дојде до целосен пресврт пред крајот на полувремето преку Ахмеди.