Вардар и Шкупи  одиграа нерешено 1-1 во дербито на 15. коло во ПМФЛ, на арената „Тодор Проески“ црвено-црните водеа до финшот, гостите израмнија за бод.

Водството на Вардар му го  донесе Жуниор со гол во 15 минута, Шкупи израмни преку  Диак во 71 минута од натпреварот.

Шкендија немаше проблеми со Ренова во Тетово, победа изразена со 6-1 со која  шампионот на Македонија го одржува чекорот за враќање на врвот. Бесарт Ибраими го запиша 165 гол.

Академија Пандев и Струга ТЛ одиграа 1-1.

Резултати:

Вардар – Шкупи 1-1

Борец – Силекс 0-0

Шкендија – Ренова 6-1

А. Пандев – Струга ТЛ 1-1

Вчера:

Македонија ЃП – Работнички 2-0