Фудбалскиот клуб Вардар првото коло во новата сезона како домаќин ќе го игра на теренот на ФФМ на „Петар Милошевски“, ова поради зафатеност на арената „Тодор Проески“ каде ќе се одржува атлетско Европско првенство-трета лига .

Вардар во првото коло се среќава со Македонија Ѓ.П. натпреварот се игра в недела од 17-30 часот со пренос на МТВ  и Аренаспорт.

Останатите средби од првата рунда се играат в сабота(17-30ч.), се среќаваат:

Ренова – Силекс

Струга Трим Лум – Работнички

Шкупи – Борец 1919

Академија Пандев – Шкендија (пренос МТВ и Аренаспорт)