Вардар како лидер го пречекува Работнички во 21 коло, големото дерби на вечните ривали од Скопје ќе се одигра без публика согласно препораките на Владата на Македонија.

Вардар и покрај незавидната финасиска ситуација, како за инает реди добри резултати во првенството, вторит дел од сезоната го отвори со две победи против Македонија Ѓ.П. (3-1) и Борец (0-1) во Велес.

Работнички предводен од Достаниќ тргна одлично во продолжението на сезоната па со две победи над Струга ТЛ (1-0) и Шкупи (2-1) ја врати самодовербата.

Вардар на последните три пресметки како домаќин против Работнички има само една победа на 24.08.2019 славеше со 2-0, запиша и по еден пораз и нерешено.

Сите средби од 21 коло ќе се играат без публика, дербито Вардар- Работнички ќе се игра со пренос на МТВ од 14 часот.

Двојки:

Вардар – Работнички

Струга ТЛ – Силекс

Утре:

Шкендија – Македонија Ѓ.П.

АК. Пандев- Борец

Шкупи – Ренова