Денеска се игра еден натпревар од 12. коло во ПМФЛ, супер дерби на Скопје, Работнички го пречекува Вардар.

Многу различна е состојбата на двата скопски клуба во пресрет на дербито, Рабботнички е на последното 10. место на табелата, Вардар е на делба на првото.

Вардар е единствената непоразена екипа на гости во досегашниот тек на сезоната, Работнички на последните два меча запиша два порази од Шкупи и Струга.

Во март оваа година Работнички псоледен пат беше домаќин на Вардар и загуби со 1-2, последен пат „романтичарите“ ги победиле „црвено-црните“ во улога на домашна екипа на  24.02.2018 година.

Дербито меѓу Работнички и Вардар се игра од 13-30 часот на арената „Тодор Проески“, главен судија е Игор Стојчевски од Скопје.

Утре се среќаваат:

Борец – Академија Пандев

Македонија Ѓ.П. – Шкендија

Ренова – Шкупи

Силекс  – Струга ТЛ