Првата македонската фудбалска лига ќе се пренесува на „Арена Спорт“ и на МРТВ, ова е договорот на ФФМ заедно со клубовите а соработката која веќе ја најавивме и официјално е потврдена.

Спортскиот гигант „Арена Спорт“ ги доби ТВ правата од ПМФЛ за сума од 150 000 евра а соработка ќе има со МРТВ. Ова значи дека сезоната 2019/2020 од нашето најсилно фудбалско првенство повторно ќе биде пренесувано на телевизија.

Ќе има промена и на термините за одигрување на натпреварите, можно е да има прволигашки фудбал во петок, сабота и во понеделник покрај редовните тремини во недела.

Во игра за ТВ правата од ПМФЛ беше и „Спорт Клуб“ но трката ја доби „Арена Спорт“.