Фудбалската федерација на Македонија, веќе е во процес на изготвување на протокол за одржување на тренинзи и одигрување на натпревари во услови на Корона вирус КОВИД-19 и истиот ќе го презентира пред надлежните здравствени институции.

„Конечна одлука за натпреварувачката сезона, ФФМ заедно со клубовите ќе донесе на нов состанок во најскоро можно време откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19“- велат од ФФМ.

Исто така, пласманот на тимовите во Лигата на шампиони и Европа лигата ќе зависи од одлуката на Владата на Македонија.