По завршувањето на 26. коло Ливерпул и теоретски го обезбеди најмалку четвртото место и настап во Лигата на шампионите.Тоа значи дека Ливерпул дури и да ги загуби сите натпревари до крајот на првенството, не може да се симне под четвртата позиција.

Ова стана јасно по вчерашниот пораз на Челзи против екипата на Манчестер Јунајтед. Ливерпул оваа сезона има шанси да испише нова историја во Премиер лигата како тим со најмногу победи, најмногу освоени бодови како и да се издвои како екипата која најрано ја освоила титулата во последните 20 години.