Летната аквизиција на Зенит од Барселона вредна 40 милиони евра, Малком ја објасни повредата поради која сеуште не е во првиот тим а последен пат играше на 8 август.

„Имав многу деликатна повреда. Еден ден не ме болеше, па после тоа пак проблем особено кога ќе се обидам да шутирам. Фановите и клубот нема потреба да се грижат. Наскоро ќе се вратам во екипата и ќе дадам се од себе за да ги радувам. Сакам да играм во Лигата на шампионите со Зенит.“ – изјави Малком за клупскиот сајт.

Крилниот напаѓач досега партиципираше само на два натпревари за Зенит, прoтив Краснодар и против Динамо Москва.