Одличниот Австриец Давид Алаба, кој штотуку го засили Реал Мадрид, денес даде позитивен тест за корона вирусот.

Веста е објавена на официјалната веб-страница на „кралскиот клуб“. Алаба дојде во Реал како слободен агент по успешните 12 години во Баерн.

Пред Алаба клубот објави дека по враќањето од ЕВРО 2020, Францускиот напаѓач Карим Бензема исто така бил заразен со корона.

Се очекува Алаба да паузира 10 дена , односно би бил спремен за почетокот на шпанската Ла Лига, која започнува на 14 Август.