Новата сезона во Серија А започнува викендов а Македонската радио телевизија обезбеди ТВ преноси. Ова е официјално потврдено што значи дека настапите на Пандев, Трајковски, Елмас и Несторовски ќе можеме да ги гледаме со коментар на македонски јазик.

Од секое натпреварувачко коло ќе биде обезбеден по еден ТВ пренос. Новата сезона во Италија започнува утре, а на МТВ од воведното коло ќе го гледаме натпреварот меѓу Интер и Лече закажан за во понеделник од 20:45 часот.

Како што и предходно најави Дриблинг.мк,МТВ преговара и за пренесување на дел од возбудувањата од француското фудбалско првенство а можно е да биде договорена соработка со Аренаспорт и за преност на натпреварите на РК Вардар и на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Потсетуваме, деби настапот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија на престојното ЕП во септември ќе биде пренесуван на МТВ.

Повеќе информации очекувајте наскоро на Дриблинг.мк.