Шпанскиот фудбалски тим Реал Бетис успеа да го доведе фудбалерот Набил Фекир од Лион за 20 милиони евра.

Иако повеќе европски гиганти беа заинтересирани за Французинот, сепак тој реши да дојде во Бетис. Но тука не е крајот на амбициите на Бетис затоа што според последните информации од Шпанија управата на овој клуб се договорила со напаѓачот на Наполи, полскиот голгетер Аркадиуш Милик.

Минатата сезона Милик на 47 меча постигна 20 гола, но сепак не сакаше да го продолжи договорот со Наполи.