Фудалерот на Барселона, Антоан Гризман вели дека има голема желба да игра во МЛС лигата каде би сакал да ја заврши кариерата.

Францускиот репрезентативец има договор со каталонците до 2024.година, а по неговиот договор очекува да се пресели во САД.

„Освојување на Ла Лига и Лигата на шампиони со Барселона е сон и главна цел. После тоа следи СП во Катар, а потоа и МЛС. Не знам во кој тим би играл, но сакам да заиграм во МЛС. Цел ми е да ја завршам кариерата во САД. Ако е возможно сакам да сум во клуб кој ќе се бори за титулата.“ – изјави Французинот.