Конечно официјална потврда на она што со денови се најавуваше, клубот каде на Горан Пандев, Џенова има нови сопственици.

Претседателот Енрико Прециози го потпиша договорот, со кој целиот пакет на акции за 150 милиони евра го продаде на американскиот инвестициски фонд „777 Partners“.

Прециози ја презеде Џенова во 2003 година, кога го спаси клубот од банкрот и го направи стабилен прволигаш.

„По долги преговори ја продавам Џенова на американскиот ивестициски фонд. Тие ќе го предводат најстариот италијански клуб“– потврди Прециози.