13 октомври, 1993 година, ќе остане запишан со златни букви во македонскиот фудбал. На денешен ден македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален меч по осамостојувањето, а противник беше Словенија која ја совладавме со убедливи 4-1 на гостински терен.

Таа селекција беше предводена од легендарниот Андон Дончевски, а во селекцијата настапуваа имиња од калибарот на Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Чеде Јаневски и многу други.

Прв стрелец во историјата на Македонија е Зоран Бошковски – Чоко, кој по асистенција на Панчев успеа да го постигне првиот гол, а мрежата на Словенците ја тресеа уште и Дарко Панчев, Драган Канатларовски и Чедомир Јаневски.

13. октомври 1993. годинаСловенија – Македонија 1:4Прв меѓународен натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија! Гордост и радост! #Македонија

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Sonntag, 13. Oktober 2019

Точно по 26 години Македонија вечерва против Полска во Варшава се наоѓа во позиција со победа да се доближи конечно до пласман на едно големо натпреварување.

Се надеваме дека овој датум уште подлабок траг ќе остави во фудбалската историја на нашата земја доколку славиме против фаворитот Полска.