Ни три кола пред крајот на бразилската Серија познат е новиот шампион, а тоа е тимот на Атлетико Минеиро.

По драматичен натпревар против Бахија тие и официјално ја стигнаа до титулата, која з анив е прва по цели 50 години, односно по 1971-ва година, кој им беше единствена досега во историјата.

На патот кон титулата црно- белите беа предводени од големите бразилски фудбалски ѕвезди Хулк и Диего Коста.

Тие против Бахија имаа негатива од 2:0, но сепак во последните 20 минути од мечот стигнаа до комплетен пресврт. Серијата ја отвори Хулк со гол од пенал во 73-тата минута, само
минута подоцна израмнување донесе Кено, а во 77-та минута истиот играч стрелаше за конечните 3:2.

Хулк стигна до 18 голови и ќе биде најдобар стрелец во лигата, притоа има и осум асистенции. Атлетико Минеиро до сега освои 81 бод, односно 11 повеќе од вториот Фламенго.