Репрезентациите на Данска и Белгија за помалку од половина час , ќе го одиграат својот натпревар во рамките од второто коло во групата Б , на ЕУРО 2020.

Белгија важи за фаворит на овој натпревар и атакува на првото место во групата по победата над Русија од 3-0 во првото коло.

Репрезентацијата на Данска пак , по шокантниот пораз од селекцијата на Финска од 0-1 што го обележа немилиот настан со Кристијан Ериксен , денес оди на се или ништо со офанзивана формација, барајќи ја првата победа на ЕУРО 2020.

Состави:

Данска: Шмајхел , Кристијансен , Кјаер, Вестергард , Мехле ,Вас ,Хојберг, Делајни , Полсен , Дамгард, Брајтвајт.

Белгија: Куртоа, Вертонген, Денајер , Андервајлд, Хазард , Дендонкер ,Тиелеманс ,Муние, Мертенс, Лукаку, Караско.