За помалку од еден час , фудбалскиот свет ќе го добие и вториот патник во финалето во Лигата на шампионите кое ќе се игра  Истанбул на 29.мај.

Манчестер Сити вчера ја заврши работата и го елиминираше ПСЖ па вечерва ќе го дознае својот противник во второто полуфинале во кое ќе се сретнат Челзи и Реал Мадрид.

Сините имаат поволен резултат од првата средба во Мадрид во која изборија реми од 1-1, тој гол на гости засега им дава некакви гаранции, меѓутоа искуството е на страната на Кралевите кои низ историјата играле 16 финалиња, а триумфирале во 13 од нив.

Челзи стартува речиси идентично како и во Мадрид , освен со една измена а таа е во името на стрелецот на првиот гол во Мадрид , Кристијан Пулишиќ кој своето место во стартните 11 го отстапи на Каи Хаверц.

Реал мора да брка гол повеќе па затоа вечерва „кралевите“ излегуваат во Лондон со нешто поофанзивен состав во формација 3-4-3 со Азар во почетниот тим.

Челзи(3-4-3): Менди, Кристенсен, Тијаго Силва, Рудигер, Аспиликуета, Чилвел, Жоржињо, Канте, Маунт, Хаверц, Вернер.

Реал Мадрид(4-3-3): Куртоа, Начо, Милитао, Рамос, Менди, Каземиро, Крос, Модриќ, Винисус, Азар, Бензема.