Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Тони Дан почина на 78 години, тој е еден од најдобрите бекови во историјата на клубот, беше клучен играч  во освојувањето на првата европска титула на Јунајтед во 1968 година.

Дан беше член на Јунајтед од  1960 година, две години по авионската несреќа во Минхен, во која животот го загубија осум членови на клубот.

За Јунајтед запиша 535 настапи, освои две титули во Англија и еден трофеј во ФА купот.