Еден од најпрославените српски тренери, Владимир Владица Поповиќ почина на 86 години, предводникот на легендарната генерација на Црвена Звезда која го оввои светскиот клупски шампинат во Токио со победата над Коло Коло од Чиле во 1991 година.

Оваа информација ја потврдија и од Црвена Звезда од каде со големо жалење посочија дека Поповиќ е човекот кој е симбол на успехот на Звезда.

Поповиќ играше за Црвена Звезда од 1953 до 1965 година, настапи на 499 натпревари и стана петиот на вечната листа по бројот на натпревари во црвено-белиот дрес во историјата на клубот.

Како тренер работеше во Боливија, Колумбија, Србија, а беше и селектор на Перу.