Почина легндата на ФК Партизан од Блеград, Фахрудин Јусуфи на 80. годишна возраст, соопшти клубот.

 

„ФК Партизан изразува искрено сочувство на семејството на Јусуфи кој беше голем човек и фудбалска легенда на поранешна Југославија и на црно-белите“  – стои во соопштението на Партизан.

Јусуфи беше член на „Партизановите бебиња“, за репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 55 натпревари, играше на Светското првенство 1962 година, на Европското првенство 1960 година на кое освои сребрен медал ана Олимписките игри 1960 година освои златен медал.

За Партизан Јусуфи играше во периодот 1957 до 1966 година а работеше како тренер во клубот во 1987/88 година.