Фил Чиснал, напаѓачот кој 1964 година премина од Манчестер Јунатед во Ливерпул и ден денес е последен трансфер меѓу овие овие два клуба, починал во четвртокот на 78 години.

Чиснал на Олд Трафорд минал шест години пред да замине во Ливерпул во време додека клубот го водел Бил Шенкли. Во 60-тите години од минатиот век бил сметан за еден од најдобрите играчи на својата позиција.

За Манчестер Јунајтед имал вкупно 47 настапи и 10 голови, а потоа се преселил во Ливерпул во трансфер вреден 25 илјади фунти. Во новиот клуб одиграл 9 натпревари и постигнал два погодоци.

Двата лути англиски ривали после овој трансфер никогаш веќе не си купиле играч еден од друг.

Чиснал кариерата ја завршил играјќи за Саутенд и Стокпорт.