Поранешниот тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац почина денеска на 80-годишна возраст.

Вишњевац беше тренер на Вардар и прв кој го промовираше Дарко Панчев, тој го откри талентот на „кобрата“ и своевремено изјави:

„Запамтете го ова име, Дарко Панчев ќе биде голем фудбалер“

Вишњевац е роден на 15 јуни 1939 година, беше тренер на Вардар во периодот од 1983 до 1984 година, го создаде тимот кој подоцна стана првак на Југославија.

Фудбалскиот клуб Вардар изразува сочувство кон најблиските роднини, пријатели и познавачи на Вишњевац. Неговото име засекогаш ќе остане врежано со убави спомени кон нашиот клуб.