По се излгеда започнува војна меѓу ФИФА и УЕФА, односно светската и европската куќа на фудбалот. Се започна со идејата на ФИФА, на чело со претседателот Џани Инфантино, да се игра Светското првенство на две години, на што УЕФА се противи.

Досега сè беше со благи зборови, но ФИФА се почесто се зборува дека треба најголемиот фудбалски фестивал да се игра почесто, па сега УЕФА ќе зададе удар. Ја основа „Лигата на супер нациите“ на секои четири години и ќе го делат колачот без ФИФА.

Според „Газета дело Спорт“, планот на УЕФА е да се формира „Лига на супер нации“ заедно со Јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ) на секои четири години и да се дели колачот без ФИФА.

Проектот „Лига на супер нации“ е директно насочен против идеите на ФИФА, со план да се присвојат најмногу Аргентина и Бразил, кои секако се против предлогот Мундијалот да се одржува на две наместо четири години.

„Лигата на супер нации“ би ги вклучила четирите најдобри екипи во Европа и Јужна Америка, полуфиналистите на ЕУРО и Лигата на нации, заедно со полуфиналистите на Копа Америка.

Засега нема идеја по кој систем да се игра, веројатно со две групи по четири селекции, со подоцнежно полуфинале и финале.

Дека работите тргнаа напред покажува и фактот што УЕФА и КОНМЕБОЛ веќе го закажаа премиерниот натпревар на шампионите на континентите, за јуни 2022 година.

Италија и Аргентина ќе играат за нов трофеј, најверојатно на Вембли во Лондон.