Маурицио Сети, претседателот на италијанскиот калчолигаш Верона е под истрага на Финансиската полиција, поради надовдно перење пари и проневери.

Како што наведува италијанската новинаска агенција АНСА, Финансиската полиција на претседателот на клубот му одземала 6.5 милиони евра, кои наводно ги земал од клубот. Се товари дека тие пари ги одземал од Верона како од банкрот својот друг клуб. Во прашање е Мантова која се натпеварува во Серија Ц.

Познатите детали од истрагата велат дека сомнителните трансакции кои Сети ги правел меѓу двата клуба, се проверуваат уште од минатата година. Такви имало неколку , а нивниот износ одговара на износот со кој третолигашот е спасен од банкрот.