Италија е земјата која води најголема борба со новонастанатиот коронавирус, поради кој се откажуваат голем број на спортски средби во изминатите 10.дена.

Последен во таа низа беше мечот меѓу Јувентус и Милан од Копа Италија, а се најавува дека и вториот полуфинален натпревар меѓу Наполи и Интер ќе биде одложен. Мечот треба да се одигра на „Сан Паоло“ утре, но и од овој меч веројатно ќе нема ништо.

Ова се реванш полуфинални натпревари од Купот на Италија, а најголема прашина се крена околу одложувањето на мечот од Серија А меѓу Јувентус и Интер кој требаше да се одигра минатиот викенд.  „Нероаѕурите“ одбија неколку термини за одигрување на натпреварот, можност да играат и пред полни, но и пред празни трибини на „Алијанц арена“ во Торино.