34 годишниот Лионел Меси е огромен фаворит за повторно да ја освои Златната топка, според  информациите тој ќе заврши пред 33 годишните Роберт Левандовски и Карим Бензема.

Свечената објава ќе следи денеска во 21.000 часот во „Театарот Шатле“ во Париз, но како што своевремено објави португалската телевизија РТП Деспорто, нема некоја драма. Речиси сигурно е дека фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси (34) по седми пат во кариерата ќе ја освои „Златната топка“.

Така, Аргентинецот само ќе го зацврсти врвот на освојувачи на признанието, пред Кристијано Роналдо (36) кој ќе остане на пет „Златни топки“.

Зад Меси се Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Карим Бензема од Реал Мадрид. Но, според шпанските медиуми, споменатото дуо не е ни близу до наградата која да потсетиме ја доделува „Франс Фудбал“ или 180 новинари кои избираат од 30 кандидати.

После тоа, 50 специјалисти новинари го избираат најдобриот играч давајќи шест, четири, три, два или еден поен.

Меси ја освои Копа Америка со Аргентина, а тоа би требало многу да му помогне во освојувањето на наградата пред „моралниот победник“ од минатата година, во кој наградата не беше поделена, Левандовски.

Исто така ќе се додели и награда за најдобра фудбалерка, а тука фаворитка е Алексија Путелас (27) од Барселона. Голем фаворит за признанието најдобар млад фудбалер е Педри (19) од Барселона.