Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок го очекува сериозна промена, Пол Погба ќе го напушти клубот а заедно со него се очекува тоа да го направат и Немања Матиќ, Маркос Рохо и Крис Смолинг.

Според последните најави од Англија но и од Италија, Пол Погба е решен да го промени клубот, дилемата е дали да се врати во Јувентус или пак да се пресели во Мадрид во екипата на Зинедин Зидан.

Неофицијално, Јунајтед за Порба ќе бара 120 милиони евра, сума која не би требало да представува проблем за заинтересирани страни.

Погба има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2021 година.