Фудбалерите на Манчестер Јунајтед направија сериозен исчекор кон битката за пласман во финалето од Лига Европа, откако на „Олд Трафорд“ ја совлада Рома со 6:2 во воведната полуфинална пресметка.

„Волчицата“ по првото полувреме водеше со 2:1, но во второто полувреме Кавани со два гола, Погба и Гринвуд со по еден и Фернандес кој постигна еден во првото и еден во второто како и две асистенции, „Црвените Ѓаволи“ покажаа со каков квалитет располагаат во завршницата од оваа сезона.

И покрај убедливата победа, Пол Погба смета дека сè уште ништо не е готово.

„Резултатот е позитивен, но ништо не е готово. Мораме да останеме фокусирани и во реваншот да одиграме како и на првата средба. Во првото полувреме направивме две грешки и примивме два гола. На полувреме си рековме, ајде да ги исправиме работите, бевме мотивирани, влеговме агресивно и постигнавме многу голови“ – изјави Погба.