Агентот на Пол Погба, Мино Раиола, објави дека Јунајтед и Погба се „во процес“ на прекинување на соработката, односно на транфер на Погба во некој друг клуб, потврдувајќи ја желбата на французинот да го напушти „Олд Трафорд“.

Освојувачот на Светското првенство со Франција, минатиот месец изјави дека „сега е вистинското време за нов предизвик“.

Раиола исто така изјави дека Јунајтед ја знаат желбата на Погба да го напушти клубот, а не се знае ни дали ќе му се приклучи на тимот на нивната предсезонска турнеја.

Погба сака да го напушти Јунајтед, а според информациите, за неговиот потпис се заинтересирани Јувентус и Реал Мадрид