Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, им соопшти на своите соиграчи дека сака ова лето да го напушти Манчестер Јунајтед, пишува Manchester Evening News.

Според овој извор, 26-годишниот Француз со мислите одамна не е во Јунајтед и дека грото од играчите сака тој што побрзо да замине од екипата, без разлика што Погба се уште е популарен во соблекувалната.

Оваа сезона Погба одигра за Манчестер Јунајтед само осум средби, без постигнат гол и со само две асистенции.

Специализираниот Transfermarkt.com го вреднува Погба на 100 милиони евра. Кружи информација дека тој може да се врати во Јувентус, каде настапувал од 2012 до 2016 години.