Пол Погба би можел да и каже „збогум“ на репрезентацијата поради изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, јавуваат француските медиуми.

Се шпекулира дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед е незадоволен што обезглавениот професор е посмртно одликуван со орден на француската Легија на честа.

Станува збор за човек кој беше убиен поради навредливи карикатури на пророкот Мухамед.

Како што пишуваат француските медиуми, Погба смета дека изјавата на Макрон дека исламот е извор на меѓународен тероризам, е навредлива за сите муслимани кои живеат во Франција.

За селекцијата на Франција тој настапи 72 пати, постигна 10 голови, и го освои Мундијалот во Русија во 2018 година. Во врска со овие шпекулација, Погба се уште се нема дадено изјава.