По пауза од две години, Пол Погба постигна гол на „Олд Трафорд“, Французинот беше еден од стрелците за Манчестер Јунјтед во победата над Рома од 6:2 во воведното полуфинале во Лига Европа, но исто така поради неговото играње со рака во првото полувреме Рома доби шанса од пенал да израмни на 1:1.

„Резултатот е позитивен, но ништо не е готово. Мораме да бидеме фокусирани и да играме вака со овој менталитет и на следните натпревари. Во првото полувреме направивме две грешки и примивме два гола. Јас не сум фудбалер кој знае да стартува, се трудам да бидам „англиско момче“. Ќе мора да вежбам повеќе за да стартувам без рацете во воздух. Немам среќа оваа сезона со пеналите.“ – изјави Погба.

Манчестер Јунајтед на 6 мај во Рим брани предност од 6:2 против Рома во битката за пласман во финалето од Лига Европа.