Екипата на Манчестер Јунајтед во третиот натпревар од групната фаза во Лига Европа ќе се соочи со Партизан, но „Црвените ѓаволи“ се во нов проблем.

Јунајтед најверојатно во Белград нема да дојде со најсилниот состав бидејќи на повреда се пожалил Пол Погба, а неговата пауза се очекува да трае околу три недели.

Францускиот репрезентативец ќе ги пропушти и натпреварите со селекцијата на Франција, но и дуелите со Јунајтед во Премиер лигата против Њукасл и Ливерпул.

Погба го повредил стапалото во дуелот со Арсенал и по што стана  јасно дека Оле Гунар Солскјер нема да може да смета на него.