Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и на мечот утре против Тотенхем нема да може да смета на Пол Погба, кој сеуште не е опоравен од повредат, а покрај него под знак прашалник се и Скот Мектоминеј и Немања Матиќ.

„Пол не е подготвен. Работи многу напорно и ќе видиме кога ќе биде подготвен. Започна со тренинзи на терените и ќе видиме за колку време ќе биде подготвен. Тенки сме во средината на теренот затоа што Скот, Немања и Пол долго време се повредени и тоа влијаеше на нас. Скот и Немања тренираат, ќе видиме на денешниот тренинг дали ќе се комплетно подготвени“-порача Солскјер

Во англиската јавност се шпекулира дека Солскјер им соопштил на неговите играчи дека ако сакаат тој да да им биде шеф и во иднина ќе мора да освојат најмалку четири бода од престојните две дерби премсетки против Тотенхем и против Манчестер Сити.