Оле Гунар Солскјер полека доаѓа до позицијата која ја посакуваше но и ја најави пред неполна година. Манчестер Јунајтед почнува да игра атрактивно но и да победува а ангажманот на Фернадеш е само една од коцките во мозаикот на Норвежанецот кои допрва ќе се склопува.

Пол Погба најверојатно нема да биде продаден, напротив, ќе добие нов договор според кој ќе се обврзе на верност до 2024 година а ќе заработува по 400 000 фунти неделно. Сепак ова нема да значи дека Французинот ќе добие загарантирано место во почетната 11 на Солскјер. Фред, Матиќ и Мектоминеј во моментов се недопирливи.

Промената е најавена на голот, Давид Де Геа можно е да го напушти „Олд Трафорд“ и да го реализира посакуваниот трансфер во Реал Мадрид ова лето.

Игало ќе биде откупен во целост по завршувањето на оваа сезона а во летниот преоден рок, Јунајтед ќе се обиде да го купи и Хари Кејн од Тотенхем за сума од околу 150 милиони фунти.

Во меѓувреме нови договори се очекува да потпишат, Матиќ, Феред, Линделоф, Шо и Баи.

Манчестер Јунајтед вечерва ќе му гостува на ЛАСК во воведниот натпревар од осминафиналето во Европа Лигата на УЕФА.