Францускиот репрезентативец, Пол Погба се појавил во тренинг кампот на Манчестер Јунајтед откако му заврши одморот.
Погба минатата недела ја мина во Њујорк, неговите соиграчи тренираа , тој денеска им се приклучи на подготовките. Французинот според сите најави нема да остане во Јунајтед, неговиот агент, Мино Раиола потврди дека Погба е на излезна врата и има понуди од неколку клубови.
Неизвесно е дали Погба ќе биде во авионот за Австралија , Јунајтед тргнува вечерва на турнеа со или без Погба, репрезентативецот на Франција е во преговири со Реал Мадрид но и враќање во Јувентус е опцијата која не се исклучува.
Be the first to write a comment.