Пол Погба го известил Солскјер дека посакува трансфер во Реал Мадрид во зимскиот преоден рок. Французинот бил подготовен за настап овој викенд против Шефилд Јунајтед но побарал да не биде вклучен во составот.

Шпанските медиумите тврдат дека Погба не сака повеќе да игра за „Ѓаволите“ и решен е да ги искористи сите ресурси за да издејствува трансфер во Мадрид во јануари.

Со ова продолжува трансфер сагата околу Погба и неговата желба да игра за „Кралевите“. Ова може да го искомпликува само Јувентус кој исто така го посакува во својот тим.

Во летниот преоден рок Јунајтед за Погба бараше 170 милиони евра, сума која и сега изгледа превисока за играч кој не е во форма повеќе од две години.