Пол Погба го постигна победничкиот гол за Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли по што тимот на Солскјер го помина Ливерпул и се искачи на првото место на табелата во Премиер лигата.

Погба кој деновиве се поврзува со трансфер во ПСЖ, по натпреварот истакна дека Јунајтед заслужил да победи и сега треба да се насочи кон дуелот со Ливерпул.

„Знаевме дека ќе биде тешко, многу тешко, но желбата беше да победиме. Ги освоивме трите бода и среќен сум поради тоа, пред нас е долг пат и останува да се фокусираме на тоа што ќе го донесе сезоната.  Ова беше одлично издание од сите мои соиграчи, одличен фокус. Среќен сум дека победивме и игравме добро. Не чека долг пат на кој ќе дојдат и големите натпревари, па мора да се насочиме кон тоа.“ – изјави Пол Погба.

Манчестер Јунајтед во недела му гостува на Ливерпул во дербито на 18 коло од Премиер лигата.