Португалија загуби на гостувањето во Укрина во квалификациите за ЕП 2020, но на овој меч Кристијано Роналдо стигна до ново големо достигнување во својата кариера.

Имено, Роналдо го постигна 700 гол во својата кариера и стана 6 играч во историјата на кого му успеал еден ваков подвиг. Пред Ронало се наоѓаат уште имиња како Жозеф Бичан со 805, Ромарио со 772, Пеле со 767, Пушкаш со 746 и Герд Милер со 735 погодоци.

Португалија на две кола до крајот од квалификациите се наоѓа на второто место со 11 бода. Србија има поен помалку на третата позиција и ќе се надева на кикс на Европскиот првак во мечевите против Литванија и Луксембург кои се под нивото на Португалија.