Предводникот на Тотенхем, Маурисо Покетињо е свесен дека наскоро може да остане без работа ако се промени формата во која игграат неговите фудбалери.

„Ако не ги подобриме перформансите и резултатите, што ќе се случи? Секогаш е исто во фудбалот. Го разбирам бизнисот, имам 47 години. Што мислите, зошто немам бела коса? Сигурно затоа што не придавам значење на некои работи. Единствено внимавам како да ја подобриме нашата форма а тоа е факт.“ – изјави Покетињо.

Тотенхем вечерва на домашен терен против Црвена Звезда брка прва победа во групата Б од Лигата на шампионите откако по две кола освои само еден бод.